Русија ја нападна Одеса со дронови, ранети три лица

Сподели со своите пријатели

Во напад на руско беспилотно летало на украинското пристаниште Одеса повредени се три лица и предизвикана е штета на цивилната станбена инфраструктура, што доведе до евакуација на 130 лица, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер на Телеграма.

Loading...

Одбранбените сили на јужна Украина одделно објавија дека собориле 11 беспилотни летала за време на нападот на Одеса, при што огромното мнозинство од остатоците паднале во морето.

„Единиците за противвоздушна одбрана работеа речиси три часа. Главните напори на непријателот беа концентрирани на нападите врз Одеса“, се вели во соопштението на армијата, пренесува Радио Слободна Европа.

Одбранбените сили на Јужна Украина подоцна појаснија дека руските трупи ги нападнале јужните региони со нападни беспилотни летала од типот Шахед-131/136.

„Едно беспилотно летало е уништено во регионите на Миколаев и Кировохрад. Главните напори на непријателот беа концентрирани на нападите на Одеса. Беспилотните летала камикази влегоа на критично ниска височина од Црното Море“, се наведува во пораката.

Според војската, 11 дронови биле соборени во Одеса на приодот кон брегот, а огромното мнозинство паднало во морето.

„Сепак, фрагменти од неколку соборени дронови и ударниот бран оштетија станбени згради, продавници и приватни автомобили на граѓани во крајбрежната област Одеса“, се вели во соопштението.

Се наведува дека на неколку локации избувнале пожари и дека изгореле становите и автомобилите на жителите на градот.

Loading...

„Пожарникарите веднаш го изгаснаа пожарот“, се додава во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.