Реченици кои треба да ги запомните кога мислите дека животот не е фер

Сподели со своите пријатели

Веќе скоро една година, нашето секојдневие е многу поразлично од она на кое сме навикнати. Ситуацијата нема да се промени преку ноќ, затоа треба да се прилагодиме на неа и, кога е можно, да се обидеме да извлечеме и некои добри работи.

Loading...

Можеби на моменти ви изгледа невозможно, но главата горе. Следните 10 цитати ќе ви помогнат да размислите позитивно и да не ја изгубите надежта кога животот ви изгледа неправеден.

 

 

1. Понекогаш треба само да разговарате со четиригодишно и 84 годишно дете за да го разберете животот повторно.

2. Што и да правите, никогаш не враќајте се на она што ве има повредено.

3. Кога се чувствувате како да немате за што да бидете благодарни, проверете го пулсот.

Loading...

4. Запомнете дека ситуацијата во која се наоѓате моментално не е вашата крајна дестинација. Најдоброто допрва треба да дојде.

5. Кога животот е сладок, кажете благодарам и славете. Кога животот е горчлив, кажете благодарам и научете.

6. Лошите работи што ни се случуваат во животот понекогаш нè насочуваат кон патот што ќе не одведе до најдобрите работи што ќе ни се случат во животот.

7. Секој ден е нова можност да го смените вашиот живот.

8. Пронајдете нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога ќе мора да барате малку подолго.

9. Животот не мора да биде совршен за да биде убав.

10. Најлошото што ви се случува во животот ќе ве научи никогаш да не го земате најдоброто здраво за готово.

 

Loading...

 

Следните 5 совети секогаш треба да бидат вашата водечка нишка кога ви се чини дека животот не е фер :

1. ОТКАЖУВАЊЕТО НИКОГАШ ДА НЕ ВИ БИДЕ ОПЦИЈА.

Секој има тешки периоди во животот – тоа е неизбежно. Во моменти како овие, замислете колку би бил празен животот ако во него нема предизвици. Без тешкотии и проблеми никогаш не би пораснале и научиле.

Тогаш не би живееле, туку би постоеле само со постојано чувство на досада и стагнација. Пречките нè прават живи, нè охрабруваат да ги менуваме и рушиме бариерите, без нив ќе паднеме во „стапицата“ на удобноста и самозадоволството.

Можеби во моментот ви се чини дека животот не е фер, но тоа не значи дека секогаш ќе остане така. Без оглед на сè, продолжете да гледате во сонцето и со текот на времето сенките ќе останат зад вас.

 

Loading...

 

2. ОТВОРЕТЕ ГО СРЦЕТО И УМОТ ЗА НОВИ ПРОМЕНИ.

Ние често ги комплицираме нашите животи затоа што се плашиме од промени. Сепак, промената е потребна затоа што нè прави претпазливи, ни помага да растеме и, благодарение на нив, постојано се развиваме и учиме важни лекции. Промените честопати не се лесни и пријатни, но токму тука лежи нивната важност и вредност, нели?

Најдобрите работи во животот всушност се случуваат кога ќе дојдеме до раскрсница, кога сè ќе ни изгледа црно и кога не можеме да замислиме дека ќе стане подобро. Кога мислите дека сте дошле до крајот и повеќе не можете да издржите, тој очај ви покажува по кој пат да тргнете понатаму. Сè што е добро во животот никогаш не доаѓа лесно, но само затоа што не паѓа од небото, ни дава толку многу среќа и задоволство.

 

Loading...

 

3. СЕКОГАШ СЕТЕТЕ СЕ ДЕКА  ИМАТЕ ИЗБОР.

Во секое време имате моќ да го контролирате сопствениот живот. Ниту една надворешна сила не одлучува со каква работа ќе работите, каде ќе живеете или како ќе се однесувате.

Сè е во ваши раце, па наместо да се плашите од таа одговорност или да ја одречете, прифатете ја. Запомнете: кога се чувствувате скршени, тоа значи дека треба да донесете подобри одлуки за себе, затоа дајте си шанса да бидете такви. Заслужувате да бидете среќни, но понекогаш е потребно само време да ја пронајдете таа среќа.

Loading...

 

 

4. ЗАПОМНЕТЕ ДЕКА БОЛКАТА НЕ ТРАЕ ЗАСЕКОГАШ.

Ако болката траеше вечно, не би знаеле ни што е среќа. Треба да го знаеме чувството на тага и болка за да можеме да чувствуваме среќа. Соочете се со овие негативни, лоши и често непријатни чувства и оставете ги само да поминат низ вас.

Loading...

Колку подолго им одолеете, толку подолго ќе живеат во вас. Прегрнете ја болката и заблагодарете и се што ви одржа вредни лекции. Болката може да биде скапоцен учител ако ја прифатиме наместо да ја осудуваме и постојано да сакаме да нè остави сами.

 

 

5. ФОКУСИРАЈТЕ НА СЕ ШТО Е ДОБРО ВО ВАШИОТ ЖИВОТ.

Често кога се чувствуваме скршени, ние се фокусираме само на лошото во животот, наместо на доброто. Ако се фокусирате само на лошото, ќе го привлечете само лошото. Многу студии заклучиле дека луѓето кои се благодарни имаат подобри односи со други луѓе, имаат подобро здравје, имаат пооптимистички поглед на животот итн.

Loading...

 

 

Leave a Reply