Расте бројот на повредени во гранатирањето на Белгород, ракетите не престануваат да паѓаат

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од гранатирањето на Шебекин во Белгородската област се искачи на осум, нема загинати, соопшти шефот на белгородската област Вјачеслав Гладков.

Loading...

Тој на Телеграм напиша дека властите се подготвуваат да ги евакуираат граѓаните во безбедни области, но дека тоа може да се направи само кога гранатите ќе престанат да паѓаат.

Претходно Гладков објави дека Шебекино е под постојано гранатирање и дека пет лица се повредени.

Шебекино се наоѓа на околу четири километри од границата со Украина и во него живеат околу 40.000 луѓе.

Тие наведуваат дека градот речиси непрекинато бил под гранатирање на украинските сили во последните неколку дена и дека само во средата биле оштетени 37 станбени згради, 29 приватни куќи и повеќе од 70 автомобили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.