Путин: Хирошима е доказ дека не мора да напаѓате голем град за да ја добиете војната

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со неговиот француски колега Емануел Макрон рече дека нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки покажуваат дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да ја добиете војната“.

Loading...

Западните сојузници, како и Украина, веќе подолго време предупредуваат на заканата од руски нуклеарен напад.

Ова особено се однесува на нуклеарното оружје кое е дизајнирано да предизвика уништување на бојното поле.

Разузнавачки податоци

Според извештаите на американските медиуми, Вашингтон располага со разузнавачки информации кои укажуваат дека високи руски претставници неодамна разговарале кога и како Москва би можела да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Сепак, многумина на Запад се сомневаат дека рускиот претседател би го ризикувал глобалниот конфликт што сигурно ќе следи по таква интервенција.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во петокот ги осуди нуклеарните закани на Кремљ.

„Мејл он сандеј“ пренесува дека извор од француската влада рекол дека рускиот претседател во разговор со Макрон ја споменал Хирошима, што кај францускиот претседател предизвикало „значителна вознемиреност“.

Јасно навестување

– Звучеше како многу јасно навестување дека Путин може да активира тактичко нуклеарно оружје во источна Украина, и да го остави Киев недопрен. Изгледа дека тоа е поентата на неговите сознанија – изјавил францускиот извор.

Loading...

Тој извор рекол дека двајцата претседатели несомнено разговарале за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.

Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската нуклеарна доктрина.

Инаку, Макрон неколку пати разговарал со Путин. Датумот на повикот не беше наведен.

Во септември, Путин ја упати својата најјасна закана дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје, велејќи дека ќе бидат искористени „сите средства“ за одбрана на руската територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.