Продолжуваат најжестоките борби во Бахмут

Сподели со своите пријатели

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека продолжуваат најжестоките борби со руските сили во областа Бахмут, каде што Русите се обидуваат целосно да ја преземат контролата над градот и гранатираат некои населени места.

Loading...

Руските војници спроведуваат офанзивни операции во четири правци – во правец на Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка, пренесува Униан.

Во текот на изминатиот ден руските сили извршиле повеќе од 45 напади во тие четири правци, соопшти украинскиот Генералштаб.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.