Приведена група странски тренирани убијци за убиството на претседателот на Хаити

Сподели со своите пријатели

Меѓу вооружените командоси кои го убија претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, имало 26 Колумбијци и двајца Американци од Хаити, соопштија властите, додека трае потрагата по главните организатори на атентатот.

Loading...

Според официјалното соопштение, 53-годишниот Моиз бил убиен рано утрото во средата во неговиот дом од група странски, обучени убијци, предизвикувајќи немири во сиромашната држава, во која управуваат политички поделби, глад и широко распространето насилство.

Колумбискиот министер за одбрана Диего Молано изјави дека првите резултати од истрагата покажуваат дека Колумбијците осомничени за вмешаност во убиството се пензионирани припадници на вооружените сили на неговата земја и вети дека ќе помогне во истрагата на Хаити.

Во средата полицијата ги придружуваше осомничените до еден дом во близина на местото на злосторството во Петионвил, северното предградие на главниот град Порт-о-Пренс. Голем број осомничени беа уапсени по пукањето, кое траеше до доцна во ноќта.

Доцна во четвртокот вечерта, полицискиот началник Леон Чарлс им покажа на новинарите серија колумбиски пасоши, пушки, мачети, воки-токи и многу повеќе.

„Странците дојдоа во нашата земја да го убијат претседателот“, рече Чарлс, додавајќи дека има 26 Колумбијци и двајца Американци од Хаити. Уапсени се петнаесет Колумбијци и двајца Американци.

Директорот на колумбиската полиција Хорхе Луис Варгас изјави дека добил барање од Хаити за информации за шестмина осомничени, од кои двајца наводно биле убиени во пукањето. Другите четворица биле уапсени.

Министерството за надворешни работи на Тајван, кое одржува дипломатски врски со Хаити, соопшти дека 11 осомничени се приведени во нивната амбасада во која упаднале, додека портпаролот на Стејт департментот не може да потврди дека меѓу уапсените има и државјани на САД, но американските власти се во контакт со Хаитите, вклучително и истражители.

Loading...

„Тоа беше упад на добро опремени командоси со повеќе од шест автомобили“, рече министерот за избори и меѓупартиски односи на Хаити, Матијас Пјер.

Мотивот за убиството сè уште не е официјално наведен.

Моиз беше изложен на масовни протести уште од неговото преземање на функцијата во 2017 година – прво поради обвинувања за корупција и водење на економијата, а потоа и за зајакнување на својата моќ.

Бесна толпа ја следеше полициската акција во четвртокот, а некои ги запалија автомобилите на осомничениот и куќата каде што се криеја. Чарлс рече дека луѓето и помогнале на полицијата да ги најде осомничените, но ги повика жителите на милионскиот град да не ја преземаат правдата во свои раце.

Во среда беше прогласена двонеделна вонредна состојба.

Leave a Reply