Приведен кумановец кој украл пари од угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека насилно влегол во угостителски објект и украл пари.

Loading...

– На 10.01.2024 година во 15.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П. (28) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на 09.01.2024 година во угостителски објект на булеварот „ Октомвриска револуција“ во Куманово влегол со употреба на сила и одзел пари.

Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Никола Ивановски