Правослае свештеник усвоил 400 деца без родители, повеќето заразени со ХИВ и инвалиди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Свештеникот Михал од Украина со својата работа и грижата за децата се покажал како вистински светец, а за неговиот живот снимен е и документарецот „Горпост“ (Тврдина“.

Овој свештеник со уште четворица монаси го основал православниот манастир Свети Вазнесењ во селото Банчени, близу Чернигов, Украина.

Тој водел грижа за голем број деца во сиротиштето кое го основал во 1994. година. Некои деца во оваа сиротиште имаат посебни потребни.

Српски свештеник приведен под сомнение дека продавал дрога

Loading...

Тука се наоѓаат деца кои се заразени со ХИВ (околу 40), деца кои имаат некоја форма на инвалидитет, како и деца кои се неми.

Според одредени информации овој свештеник непрекидно работи со децата за да ним им биде подобро, а поради својата напорна работа наводно претрпел и неколку срцеви удари.

Документарецот „Форпост“ поради приказната која ја пренесува добил неколку награди и прикажан е на неколку меѓународни филмски фестивали во 2007 година.

Свештеникот Михаил, кого исто така го нарекуваат и архимандрит Лонгин, посвојува деца кои се отфрлени од страна на своите родители и во неговото сиротиште живеат скор 400 деца.

Многумина велат дека Михаил е голем добротвор кој спасил деца од улицата од студ и светот на криминалот.

Свештеник седум дена се молел и постел, мислел дека има моќи како Исус, па го изеле крокодили

Според непотврдени информации, децата овој човек го нарекуваат „тато“, а има и такви кои благодарение нему се дообразувале и основале сопствени семејства

Тие наводно и ден денес се враќаат во манастирот да помагаат околу децата на кои им е потребна грижа и нега.

Leave a Reply