Познат идентитетот на тројцата загинати кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Три лица денеска околу 11:45 часот загинаа кај железничката пруга кај местото „Превој“ во близина на селото Романовце, кумановско, откако товарен воз удри во автомобил марка „Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Станува збор за возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, потврдуваат од полицијата, но според неофицијални информации станува збор за двајца сопружници и дете. Четвртиот сопаник И.Б. успеал да се спаси откако скокнал од возилото секунди пред ударот.

Товарниот воз беше кобен за семејството од Арачиново. Од болнички извори дознаваме дека телата на загинатите се веќе предадени на семејствата за погреб.

Сообраќајот е во прекин, а увидот на полицијата се уште трае.

Воз удри во автомобил кај Романовце – ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

Loading...

Leave a Reply