Воз удри во автомобил кај Романовце – ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

Сподели со своите пријатели

Три лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа на железничката пруга во село Романовце, Куманово откако товарен воз удрил во автомобил „Голф“, дознаваме неофицијално.

Според првични извори од терен во автомобилот имало четири лица, од кои тројца смртно страдале. Неофицијално лицата се жители на Арачиново, брачен пар и дете. Четвртиот сопатник успеал да скокне од возилото и се спасил, но неговата состојба се уште не е позната.

Од полицијата е започнат увидот, но засега нема подетали информации.

Leave a Reply