Постојано се гранатира Мариупол, се водат улични борби

Сподели со своите пријатели

Украинскиот град Мариупол постојано е гранатиран и бомбардиран, а се водат и улични борби, изјави денеска заменик-градоначалникот Серхи Орлов.

Loading...

„Хуманитарната криза и геноцидот продолжуваат“, рече Орлов во изјава за Би-Би-Си.

Илјадници цивили се заробени во градот речиси две недели.

 

Во Романија пронајдено беспилотно летало, започната истрага

 

Тие се опколени од руски војници кои истрелуваат ракети и гранати, кои уништија многу згради.

Градските власти соопштија дека има очајна потреба од храна, вода, лекови и струја.

Loading...

Мариупол е стратешка цел бидејќи неговата окупација ќе и овозможи на Русија да ги поврзе своите сили на Крим и источниот регион Донбас и да го контролира брегот, наведува Би-Би-Си.

Украина наведува дека бројот на убиени цивили во Мариупол надминал 2.500.

 

Едно лице загина откако во Киев паднаа остатоци од соборена руска ракета (ФОТО)

 

Градскиот совет на украинскиот град Мариупол соопшти дека 160 приватни автомобили успеале да го напуштат градот и дека се на пат кон градот Бердјанск кој е под руска контрола, пренесе Ројтерс.

Во текот на изминатата недела, напорите за евакуација на цивилите заробени во Мариупол во неколку наврати пропаднаа, а украинската и руската страна меѓусебно се обвинуваа за неуспех.