Околу 160 возила излегле преку хуманитарниот коридор од Мариупол

Сподели со своите пријатели

Околу 160 возила денеска можеле да го напуштат хуманитарниот коридор од украинскиот град Мариупол, кој со денови е под опсада на руските сили и проруските сепаратисти, соопштија градските власти.

Loading...

 

Подољак: Утре продолжуваат преговорите, направена е техничка пауза

 

Конвојот возила тргна околу 13.00 часот по локално време (12.00 часот по средноевропско време) на патот што го поврзува тоа стратешко пристаниште на Азовското Море со украинскиот град Запорожје, се наведува на Телеграм каналот на градскиот совет на Мариупол.

Не се наведува колку луѓе успеале да излезат од градот во кој условите се катастрофални по неколкудневното бомбардирање и опсада.

 

Во Романија пронајдено беспилотно летало, започната истрага

Loading...

 

Неколку претходни обиди за спроведување на хуманитарни коридори од тој град пропаднаа.

Градските власти вчера објавија дека повеќе од 2.100 жители на Мариупол загинале од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.