Едно лице загина откако во Киев паднаа остатоци од соборена руска ракета (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а шест се повредени откако остатоците од соборената руска ракета погодија станбена улица во Киев, соопштија украинските власти.

Loading...

Остатоците од проектилот уништиле автобус и запалиле станбена зграда во квартот Куренивка во главниот град на Украина, откако биле пресретнати од воздушната одбрана на Украина, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби.

 

 

Се додава дека автобусот не превезувал патници, но бил целосно уништен.

Фотографиите споделени од Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, покажуваат искривени остатоци од автобус расфрлен низ улицата додека се издига чад од оштетената зграда.

 

Loading...

Украина: Соборивме четири руски авиони во еден ден

 

На небото горе можете да видите нешто што изгледа како трага од противвоздушни ракети.