Последиците од карантинот врз менталното здравје се поразителни

Сподели со своите пријатели

Претставничката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис изјави дека е подобро земјите да го контролираат ширењето на корона вирусот и да избегнуваат мерки за заклучување.

Loading...

Харис изјави за Sky News дека последиците од карантинот врз менталното здравје се многу сериозни.

Таа додаде дека земјите кои воведуваат карантин треба да размислат за дополнителна поддршка за луѓето, за да се ублажат неговите последици.

Харис истакна дека заклучувањето има големи економски и социјални импликации, како и импликации за менталното здравје, но дека државите го воведуваат кога ќе дојдат до точка каде болниците се преплавени и немаат избор.