Популарноста на серијата „Игра на тронови“ ги загрози кучињата

Сподели со своите пријатели

Веројатно првата мисла која ќе ви дојде на памет кога ќе го прочитате насловот е каква врска има едно со друго? Меѓутоа, според пушувањето на американскиот портал The Dodo, обожавателите на оваа серија последните години масовни купуваат сибирски хаски, а потоа ги напуштаат.

Сите кои гледале барем една епизода од оваа популарна серија, се вљубиле во преубавите животни слични на волци (direwolves) кои се појавуваат во серијата. Кучињата кои всушност се „актери“ не се сибирски хаски туку северни инуитски кучиња кои многу наликуваат.

Поради големата популарност на серијата, објаснуваат американските новинари, граѓаните ширум САД сакаат сибирски кучиња во својот дом, но откако почетната фасцинација и воодушевување ќе спласнат, ги оставаат во прифатилиштата за незгрижени животни.

Дали сте знаеле дека кучињата можат да почуствува вакви необични работи?

Loading...

Од 2011. година, откако се прикажува серијата, податоците покажуваат дека стотици сибирски хаски, мешавина од овие раси и други сибирски кучиња останел без дом, затоа што ги напуштиле нивните сопственици. Во последните три години како што велат во азил ширум САД, двојно е зголемен бројот на напуштени кучиња од наведените раси.

– Многумина се прашуваат како серијата и напуштањето на кучињата ја доведовме во врска, но симптоматично е дека најголем број од сибирските кучиња за кои се грижиме се викаат Ice, Snow, Sansa, Ghost, исто така имиња на кучиња од серијата. Кога тоа го дознавме ни беше јасно дека нивните сопственици се љубители на популарната серија, објаснуваат во еден калифорниски азил.

Голем пробел, како што велат заштитниците на животни, е во тоа што на екранот овие кучиња изгледаат преубаво, моќно, како волците, а многумина би сакале токму такви да имаат дома. Меѓутоа, пред купување на кучињата воопшто не се информираат за расата, ниту за тоа дали тоа е вистинското куче за нив.

Како што објаснуваат експертите, сибирски хаски како и другите сибирски видови се многу активни кучиња, полни со енергија кои бараат многу физичка активност, но и ментална стимулација во текот на денот. Ова не е куче на кое може да му биде досадно, потребни му се еднакво активни сопственици со кои ќе трча и ќе се шета, и кои нема да го оставаат со часови само во домот.

Leave a Reply