23.05.2018 13:57

Дали сте знаеле дека кучињата можат да почуствува вакви необични работи?


Кучињата одамна им помагаат на луѓето во откривање дрога, оружја…

Бактерии

Поради прекумерната употреба на пестициди, пчелите на американскиот континент се повеќе се во опасност од изумивање. Меѓутоа, уште од 1970. година, американските плечари обучувале кучиња да пронајдат болни кочници пред тие да ги инфицираат другите, здрави роеви. Со извонредното чуство за мирис, кучињата едноставно го следат мирисот на бактериите кои предизвикуваат болест позната кај американците како пчелни легла.

 

loading...

 

ДВД

Кучињата можат да се обучат да го почуствуваат материјалот поликарбонат, клучната компонента на сите ЦД-а. На тој начин, кучињата допринеле за растурање на масовната трговија со фалсификувани ДВД-а.

Удавени тела

Во полицијата во САД кучињата често помагаат за да се пронајдат тела во вода. Мирисот на потопено тело во вода, потоа доспева во воздухот. Кучињата тој мирис можат да го почуствуваат од чамец, од брегот, или додека пливаат.

 

 

Дијабетес

Кучињата можат да се обучат да ги предупредуваат сопствениците кои боледуваат од дијабетес, кога и да им порасне нивото на шеќер во крва до критичнен степен.

Измет од кит

Научниците често го анализираат изметот на китот за да го следат здравјето на овие животни, затоа што содржат важни информации за нивната исхрана. Но, постои еден проблем: изметот потонува во рок од половина час. Од тие причини, една група научници обучила кучиња да го откриваатизметот. Кучињата можат да го следат мирисот на одалеченост повеќе од 1,5 километри и да ги доведат научниците до „смрдливото“ богатство. Кога кучето ќе го детектира тоа, ја истакнува локацијата капетан на бродот така што влече на на лево или десно, или се грчи левото или десното уво.

 

 

Минерални и руди

Владата во Франција финансирала програма за обучување за детекција на вредни сулфиди. Кога карпите се во фаза на распад, ослободуваат мирис налик на расипани јајца, кои кучињата лесно можат да ги откријат, што е од големо економско значење.

 

loading...

 

Рак

Клетките на ракот имаат карактеристичен мирис кој чувствителниот нос на кучето може да го намириса. Докажано е дека пациентите кои боелдуваат од рак на белите дробови или дојка, со дишење го испуштаат тој мирис. Така кучињата денес се обучуваат дека предупредуваат луѓе на постојана опасност со мирисање на нивниот здив.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments