Популацијата на дивиот свет намалена за речиси 70 отсто

Сподели со своите пријатели

Набљудуваните популации на диви видови – цицачи, водоземци, влекачи и риби – се намалиле во просек за речиси 70 проценти од 1970 година, според извештајот објавен денеска од Светскиот фонд за природата (WWF), кој укажува на се појасна врска помеѓу губење на биодиверзитетот и климатски промени.

Loading...

Помеѓу 1970 и 2018 година, просечно 69 проценти од популацијата на тие диви видови – риби, птици, цицачи, водоземци и влекачи – исчезнаа според Индикаторот на жива планета, референтно мерење што го објавува WWF на секои две години.

Уништувањето на природните живеалишта, особено за развој на земјоделството, останува главната причина, проследено со прекумерна експлоатација и ловокрадство.

Климатските промени се третиот фактор, но нејзината улога се зголемува многу брзо, предупреди Маркои Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природата.

Причините за исчезнувањето на дивите видови се загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и ширењето на инвазивните видови од страна на луѓето.

Овој извештај е „црвен аларм за планетата, а со тоа и за човештвото во време кога навистина почнуваме да сфаќаме дека се потребни одржливи екосистеми, богат биодиверзитет и стабилна клима за да се гарантира просперитетна и побезбедна иднина за сите нас, а особено за децата на нашите деца“, рече Ламбертини на онлајн прес-конференција.

Пред меѓународниот самит за биолошка разновидност COP15 во декември во Монтреал, WWF ги повикува владите да ја искористат „последната шанса“ и да усвојат амбициозен глобален договор за спас на дивиот свет, како што е Парискиот договор за климатски промени од 2015 година.

Извештајот повикува на „интензивирање на напорите за зачувување и реставрација“, поодржливо производство и потрошувачка на храна и брзо укинување на употребата на фосилни горива во сите економски сектори за „да се смени трендот на губење на биолошката разновидност“.

Loading...

Податоците се „навистина страшни“ за Латинска Америка, рече Марк Рајт, научен директор на WWF, истакнувајќи дека областа, позната по својата биолошка разновидност, забележала загуба на видови од 94 проценти.

Во Европа, популацијата на дивиот свет падна во просек за 18 отсто, но таа бројка ги маскира екстремните историски загуби на биолошката разновидност пред набљудуваниот период, рече Ендрју Тери, директор за заштита во Зоолошкото друштво во Лондон, партнер со Светскиот фонд за природата во утврдување на овој индикатор.

Во Африка просечната загуба на диви видови се проценува на 66 проценти.

Посебно забележлив пример за тоа е националниот парк Казузи Биега во Демократска Република Конго, каде што бројот на горилата во источните рамнини е намален за 80 отсто, пред се поради ловот, велат научниците.

Џиновските кожени желки, рисовите, морските лавови, коралите се дел од најзагрозените видови.