Полицаец нападнал обезбедување на казино во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полициски службеник доби кривична пријава, додека за тројца други е покрената дисциплинска постапка во врска со физички напад на обезбедување на казино во Куманово.

Loading...

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово

Според МВР,  на 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија.

– Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Двајца полициски службеници од Полициската станица Куманово се на дисциплинска одговорност оти не ги презеле потребните службени дејствија против своите колеги.

– При преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР, велат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

Loading...