Погинале прегрнати на креветот под урнатините по земјотресот

Сподели со своите пријатели

Брачниот пар Алекс и Вероника Илгин, кои дошле во Турција од Флорида, по разорниот земјотрес што го погоди градот Искендерун, беа пронајдени прегрнати на кревет под бетонска плоча.

Loading...

Тие се преселиле од САД во Турција за да го започнат процесот на вештачко оплодување и да основаат семејство.

Тие се венчале минатиот јули и дошле да живеат во родниот град на Алекс, Искендерум во јануари.

Алекс бил брокер за хипотека, а неговата сопруга медицинска сестра.

 

 

Алекс и Вероника живееле во петкатница во Искендерун, која, сепак, била срамнета со земја во земјотресот.

Loading...

– Братот на Алекс ги бараше со спасувачката екипа. Ги нашол под урнатините, ги нашол гушнати во кревет, под бетонската плоча. Немале време ниту да станат – рекол најдобриот пријател на Алекс, Василиус Поулос – пренесува Daily Mail.

Тој рече дека братот на Алекс ја ископал мајка му, која исто така починала, ден претходно.

Речиси целото семејство загинало во земјотресот.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.