По грешка поминал 25 години во затвор, ќелијата ја напуштил со зборови кои ќе ве наежат (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на американското Државно обвинителство за округот Вејнд денеска објави дека ги повлекува сите точки од обвинението против Дезмонд Рикс од Детроит, кој помина цели 25 години во затвор поради убиство за кое тврдел дека полицијата му сместила докази, така што го заплениле пиштолот на неговата мајка и ги замениле куршумите, пренесува „АП“.

Се надевам дека ќе уживате во повторно откриената слобода – рекол судијата Ричард Скат на 51-годишниот Рикс на завршување на обраќањето кое траело само неколку минути.

Поради тетоважа невин лежел во затвор 16 години

Loading...

 

Се наведува дека анализата на два кушруми со кои била убиена жртвата, покажала дека не се сложуваат со пиштолот кој на судот во 1992 година бил претставен како оружје со кое е извршено убиството.

 

Рикс бил обвинет за убиството на пријателот Гери Банет пред ресторан во Детроит и за тоа бил осуден 32 години затвор.

„АП“ наведува дека Рикс минатиот петок бил ослободен, а денеска обвинителството соопштило дека нема да има друга судска постапка против Рикс.

Немам време да бидам лут или бесен. Едноставно јас сакам да живеам, рекол Рикс пред судницата во која пресудата ја дочекал со длабока воздишка и прегратка од членовите на својот правен тим и студентите од Универзитетот Мичиген.

Реално шоу снимено во вистински затвор (видео)

Студентите по право во рамките на истражување на случаи за невино обвинети побарало повторно отворање на случајот на Рикс минатата година, по што се појавиле и фотографии од куршуми со кои бил убиен Бенет, а кои не одговарале на калибарот на оние кои експертите го проучувале пред 25 години извлечени од пиштолот на мајката на Рикс.