Поради тетоважа невин лежел во затвор 16 години

Сподели со своите пријатели

Иако на поротата изгледал како убиец, мажот кој 16 години поминал зад решетки поради оптужба за тројно убиство, всушност е невин.

Loading...

Луис Лоренцо Варгас од Лос Анџелес е осомничен за неколку кривични дела во 1998 година поради тетоважата на солза под неговото лево око.

Од почетокот тврдел дека не е виновен, но некако неговиото барање за одбрана било одбиена. Се до денес кога преку ДНК анализа, спореведена дури оваа година е докажано дека тој ја говорел вистината.

Полицијата цело време верувала дека тој е „силувачот со солзата“ поради тетоважата која поврзувала 39 обвинети за силување од 1995 година.

Обвинет бил за тројно силување поради тетоважата од солза под неговото око, како и поради сомневањата откаок признал дека во алкохолизирана состојба во 1992 година ја силувал својата девојка.

На крајот е оптужен за киднапирање, силување и мачење на една жена и обид за силување на други две. Откако пристигнале ДНК анализите, судијата ги отфрлил обвиненијата, а Варгас пред судот се расплакал.

Верував во невиноста на татко ми од денот кога ми кажа за слостортвата за кои го обвинуваат, а тој ги нема направено – вели неговата 25-годишна ќерка откако судијата ги отфлил обвиненијата против него.

Во понеделник тој излегол од затворот, но се уште се наоѓа во федерален притвор поради проблеми со имиграциски документи.

Се надева дека конечно наскоро ќе биде пуштен на слобода за да повтоно биде со својата ќерка, која имала само 10 одини, кога тој бил осуден.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.