Реално шоу снимено во вистински затвор (видео)

Сподели со своите пријатели

Седум невини луѓе прифатиле да поминат два месеци во затворот во Индијаната, за нивното искуство е снимено со камери и ќе се емитува во март во серијал од 12 продолжетоци под називот „60 дена во“.

Позадината на лажните затвореници кои казната ја одслужиле кон крајот на минатата година држана е во тајност од чуварите како и затворениците на окружниот затвор во Џеферсонвил.

Иако еден од учесниците испаднал од игра откако го удрил цимерот, продуцентот вели дека било вредно да се ризикува.

Сакавме да креираме шоу кој навистина прикажува како е тоа да се биде во затвор од перспектива на оние кои никогаш не го прекршиле заонот – вели Џорџ Хенри, извршен продуцент на шоуто.

Една жена била социјална работничка чија желба била да стави крај на насилството банди, еден од поранешен маринец се надевал дека ова ќе му помогне во искуството да стане агент на DEA.

Тука бил и еден наставник кој сакал на своите ученици да им раскаже каде можат да ги одведат лошите избори, а едно момче сакало да дознае низ што поминува неговиот брат кој исто така е во затвор.

Стотици камери ги следеле лажните затвореници, а на останатите им било кажано дека се снима серија за исксутвото на луѓето кои по прв пат се во затвор, изоставајќи ги деталите дека се работи за невини луѓе.

Учесниците претходно минале низ советување и тренинг и непрекинато биле под надзор.

Имале безбедна реченица „Навистина ми недостига кафе“, како и знак – ставање пешкир на главата што на продуцентите би им сигнализирало дека сакаат да се отргнат од потенцијално опасна ситуација.

Ноел, кој минатата година станал шериф, вели дека се обидел да воведе ред меѓу 500 затвореници затоа што внатре дрогата била подостапна отколку на улица. Сметал дека полицајците на тајна задача во затворот ќе сфатат што таму точно се случува, но не можел никого да добие за да остане повеќе од два-три дена, па затоа лажните затвореници му изгледале како добар извор на информации кои сега полицијата ги истражува.