Племе од Нова Гвинеја изолирнао од светот: Сите се канибали, но многу љубезни кон непознати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И денес во светот постојат места кад еможете да станете нечиј ручек, но не на тирги и лавови, туку на канибали за кои тоа е дел од традицијата.

Loading...

Меѓу последните канибали се и припадници на племето Дани кои живеат скоро изолирани од остатокот од светот во зафрлениот крај на западна Нова Гвинеја во Индонезија, северно од Австралија.

Опасното изолирано племе ја поштедело оваа жена, дури им станала и пријател (ВИДЕО)

Нивниот дом е село во плодната долина Балием, опкружено со планини кои се високи и до 4.500 метри. За да преживеат, садат бројни видови компири и одгледуваат свињи.

Случајно ги открил американскиот филантроп Ричард Арчболд во текот на експедиција во 1938 година. Забележал дека за племето металното оружје е непознато, затоа што користеле дрвен алат, лакови и стрели. Забележал дека во просек се пониски од „западњаците“, високи се нешто помалку од метар и половина, со темна боја на кожата, но некои имаат зелени очи и црвено-руса коса.

Членови на изолирано племе убија американски турист

Нивното секојдневие се состои од ритуали кои се незамисливи за цивилизираното човештво. Мажите носат необична облека која се нарекува котека.

Жените кои ги загубиле саканите членови на семејството, во знак на жалост сечат врвови на прстите, но новиот индонезиски закон тоа им го забранува. Спомените на традицијата може да се препознаат на прстите на повозрасните жени во племето.

Loading...

Во САД постои изолирано племе потомци на африканските робови, но сега се загрозени (ФОТО)

Еднаш годишно се собираат и околните племиња за да се прослави со лажни битки по повод фестивалот на долината Балием. Уште една традиција во автохтоната заедница е свечена церемонија за готвење свињи. Членовите на племето најпрвин изведуваат танц на војници, а потоа се тријат парчиња дрво за да се запали огин. Наместо нож користат остри парчиња бамбус, а потоа следи варење на свинското со зеленчук.

Даните имаат договорени бракови, но се венчаат и од љубов. Свадбените свечености се одржуваат само во време на значителни датуми и празници, односно за време на гозби. Мажот на семејството на идната сопруга дава мираз – најчесто четири до пет свињи.

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Дрон сними изолирано амазонско племе (ВИДЕО)

Без оглед на зафрленоста и необичната традиција, племето Дани привлекува туристи кои доаѓаат да видат како живеат некои од последните канибали. Според традиционалното верувањ,е оној кој јаде срце на непријателот ќе ја преземе силата и виталноста на покојникот. Желудникот и срцето на ловецот биле особено ценети, како и мозокот на мудри луѓе, како и нозе од тркачи кои даваа брзина. Научниците сметаат дека човечкото месо послужило како извор на протеини при недостатокот на животни.

Ова племе е познато по својата гостопримливост, а иако не зборува странски јазици, се обидуваат да се разберат со раце и нозе и тоа најчесто успешно.

ПОСЛЕДНИОТ АМАЗОНЕЦ: Единствен преживеан од племето кој 22 години живее сам во џунглата (ВИДЕО)

На прв поглед можеби делуваат страшно поради необичната облека, но многу се пристојни, секако се додека им возвраќате со иста мера. Посетите на племето Дани за поголемиот дел од луѓето кои доаѓаат од „надворешниот свет“ оставаат голем впечаток. Скоро е просветлувачки тоа што едноставно живеат без напредната технологија и не им недостасува ништо.

Loading...

Напротив, со својата топлина и искреност наведуваат на тоа да се запрашаме што навистина е важно во животот.

фото: Youtube printscreen

Leave a Reply