Опасното изолирано племе ја поштедело оваа жена, дури им станала и пријател (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По убиството на мисионерот кој се обидел да се приближи од изолираното племе Сентинел, припадниците на овој народ се најдоа во фокусот на интересот на јавноста. Иако се познати по своето непријателство кон посетителите, постојат и ретки кои им се приближиле и извлекле жива глава.

Loading...

Една жена, наводно, сепак успеала да се спријатели со нив.

Се работи за Мадхумали Чатопаџај, антрополог. Сакала да воспостави котакт со нив уште кога имала 12 години, а тоа на крајот и успеало. Претходно минала шест години проучувајќи изолирани племиња и нивната култура.

– Никогаш ниту едно изолирано племе не ми направило нешто лошо. Можеби технолошки се заостанати, но во социјални ситуации, се понапредни од нас, рекла таа во едно интервју.

Антропологот во1991 година заминала во експедиција, а кога со чамец се доближила до територијата на Сентинел, започнале да фрлаат во вода кокосови ореви за да им стават до знаење дека доаѓаат во мир. Кога припадниците на племенето влегле во водата и започне да ги собираат плодовите, таа наводно исто така се спуштила во водата и така го остварила првиот контакт.

Таа била првиот посетител кој племето не го избркал со оружје, а се верува дека многу помогнал фактот што таа е жена. Следниот пат кога дошла, племето ја пречекало многу посмирено, а наводно започнале да се качуваат во чамецот за да земат кокосови ореви.

https://youtu.be/HxnPbHsbTSk

Leave a Reply