Во САД постои изолирано племе потомци на африканските робови, но сега се загрозени (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На богатата традиција на заедницата Гулах Гичи и се заканува истребување поради едно од најважните прашања со кои се соочува светот денеска – климатските промени.

 

Loading...

 

Гулах Гичи се Афроамериканци кои живеат во регионот Лоукантри во Џорџија, Јуна Калифорнија и во крајбрежните рамнини и во ланецот острови Си, кај југостичниот брег на САД. Тие развиле креолски јазик, односно Гулах јазик и култура богата со африкански влијание што ги разликува од останатите Афроамериканци. Колоквијално, Гулах означува разлика дали Гулах Гичи живее северно од реката Савана, додека оние јужно од реката се нарекуваат Гичи.

 

 

За надворешниот свет, заедницата Гулах Гичи е мистична, изолирана култура на наследени африканизми и јужни пејсажи која во 21. век станала интересена за академците, туристите земјоделците, но и за нејзините припадници тоа е само начин на живот. Сега, многумина од Гулах Гичи не можат да работат на својата земја затоа што лиматските промени се закануваат на нивниот начин на живот.

 

Loading...

 

Гулах Гичи се потомци на централни и западни Африканци кои се доведени во Лоукантри поради познавање на одгледувањето на ориз во крајбрежните делови и системите за наводнување.

 

 

По завршувањето на американската граѓанска војна во 1865. година, генерал Вилијам Шерман на ослободените црни семејства со уредба им доделил 161.876 хектари земја долг брегот на југоисточниот дел на САД, од Јужна Каролина до Флорида, во парцели поделени секоја по 16 хектари.

 

 

Изолираната географија, која се протега на површина од 19.321 квадратни километри подрачје, познато е по називот Гулах Гичи коридор, а создала изолирани крајбрежни и островски заедници, каде поголемиот дел од жителите се црнци, со добро сочувани културни традиции.

 

Loading...

 

Религијата на Гулах Гичи е христијанска, но со африкански верувања. Почитувањето кон природата, со старите сообини и заедницата е свето. Африканските вештини се пренесувани поради нивната неопходност, како фрлање мрежа при риболов, птелење корпи, познати креолски уметнички форми, шиење парчиња ткаенини во голем, шарен патерн.

 

 

На островот Сент Хелена, населена со Гулах Гичи, немало мост до 1939. година, што допринело а голема изолација на културата и јазикот. Поединци кои живеат во така повлечени заедници и натаму живеат од сосптвеното земјоделство и риболот, наместо да одат во продавница.

 

 

Loading...

Меѓутоа денес, поимрањето на оваа заедница како необразована и уназадена се променило и нивниот идентитет го слават и академците и оние кои израснале во оваа култура.

 

 

Сепак, нивниот начин на живот исчезнува и организацијата Културното наследство на Гулах Гичи коридорот тежнее да ја сочува локацијата, приказните и креолскиот дијалект за кои велат дека потекнува од лингвистички влијанија на европските трговци со робови, робосопственици и различни африкански етнички групи.

 

Leave a Reply