Песков: Бајден би сакал да се однесува како каубој, но не му оди од рака

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека е срамно што американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“.

Loading...

Песков рече дека Бајден се обидува да демонстрира однесување во стил на холивудски каубој, но дека, како што наведе, не му успева, пренесе РИА Новости.

Во средата, Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“, велејќи дека поради него и другите секогаш мора да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што рече, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото. објави АП.

Бајден ги даде забелешките додека им се обрати на донаторите во приватен дом во Сан Франциско како дел од тридневното собирање средства во Калифорнија за неговата кампања за реизбор во 2024 година.