Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“, наведувајќи дека поради него и другите секогаш мора да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што наведе, климатските промени се егзистенцијална закана на човештвото, пренесе АП.

Loading...

Говорејќи пред донаторите во приватен дом во Сан Франциско во средата, како дел од тридневното собирање средства во Калифорнија за неговата кампања за реизбор во 2024 година, Бајден исто така рече дека е вчудовиден што поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп ги споредиле неговите правни проблеми во САД со смрттаа во затворот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Бајден и претходно во јавноста го користеше навредливиот термин „кучкин син“, па во јануари 2022 година на тој начин повика новинар на Фокс њуз од Белата куќа, потсетува „Гардијан“.

Бајден, како што пренесува АП, рекол дека не разбира зошто Трамп се споредува себеси со Навални и зошто вели дека е прогонуван како што беше руската опозициска личност.

Трамп беше казнет со 350 милиони долари откако судијата во Њујорк утврди дека со години лажел за своето богатство во финансиските извештаи на неговите компании. Трамп изјави дека оваа пресуда е форма на „комунизам или фашизам“.

За време на кампањата за собирање средства во Беверли Хилс во вторникот вечерта, Бајден ги истакна своите напори да и помогне на средната класа и предупреди дека победата на Трамп во ноември може да доведе до забрана на абортусот на национално ниво.