Патријарх Кирил: „Со умирање во војната во Украина се чисти од сите гревови“

Сподели со своите пријатели

На неделната миса, рускиот патријарх Кирил изјави дека „жртвувањето за извршување на воената должност чисти од сите гревови“, мислејќи на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација.

Loading...

Одењето во војска го опиша како жртвување за друг.

– Црквата разбира дека ако некој, водејќи се од чувството за должност и силата на заклетвата што ја дал, умре додека ја извршува својата воена должност, тогаш тој без никакво сомневање прави дело што е еднакво на жртва. Се жртвува за другите – рече Кирил.

Тој додаде дека верува дека таквата жртва чисти од сите гревови и дека црквата се моли за оние кои ќе загинат во „челустите на смртоносната борба“, како што ја опиша војната во Украина.

– Црквата се моли што поскоро да престане, што помалку браќа да се убиваат меѓусебно во оваа братоубиствена војна“, рече на почетокот, а пренесува „Украинска правда“.

Во претходните проповеди, Кирил рече дека Русите вршат „херојски дела“ доколку убијат Украинци.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.