Партизаните објавија ново видео: „Уште сме во Русија, жестоко не гранатираат“

Сподели со своите пријатели

Легијата Слобода на Русија сподели видео од своите борци кои наводно се наоѓаат во селото Теткино во областа Курск.

Loading...

Борците на видеото тврдат дека се уште се во селото и покрај тоа што се изложени на силно гранатирање.

Тие нагласуваат како планираат да продолжат понатаму. Својот говор го завршуваат со пораката:

„Слава на Украина, слава на хероите. Слобода на Русија“.

Да потсетиме, Легиите на слободата на Русија, Рускиот волонтерски корпус и Сибирскиот баталјон вчера објавија дека влегле во Белгород и Курск.

 

 

Loading...

Руси: Убивме 234 војници, уништивме седум тенкови и три Бредли

Во еден момент објавија дека го зазеле Теткино.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Русија ќе развие ново оружје благодарение на заробената опрема на НАТО“

„Селото Теткино во Курската област е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин бега од селото оставајќи зад себе тешка техника“, гласи пораката на каналот на Легијата за слобода на Русија.

Украина загуби 234 војници, седум тенкови и три борбени возила Бредли за време на нападот на руската граница во регионите Белгород и Курск, објави потоа руското Министерство за одбрана.

Тие забележаа дека „непријателите“ никаде не успеале да ја поминат границата.

Во регионот на Белгород повеќе нема украински вооружени сили, напиша синоќа гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

„Соочени сме со огромен број лаги од нашиот непријател. Во врска со ова, сакам да кажам дека нема непријател на територијата на регионот Белгород“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Во Северен Кавказ убиени двајца полицајци и пет напаѓачи

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.