Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен грчки државјанин бил приведен вчера на Граничниот премин Табановце поради нудење поткуп.

Loading...

– На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, при пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.

– Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, информираат од полицијата.

Никола Ивановски