Општина Куманово: Поради голем број на барања за користење на општинскиот автобус настана недоразбирање

Сподели со своите пријатели

По реакциите дека Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ останале без ветениот транспорт од Општина Куманово за нивниот настап во Радовиш, со свој став се јавија и од локалната самоуправа од каде велат дека дошло до недоразбирање.

– Општина Куманово секогаш излегува во пресрет на граѓаните во рамките на своите надлежности, без разлика дали тоа се поедници, здруженија или организации. Поради голем број на барања  за користење на општинскиот автобус, настана недоразбирање кое во конкретниот случај  произлегува од вкупно четири барања за користење на превоз во истиот ден. Во иднина, како и досега ќе продолжиме да ги подржуваме сите граѓани што го афирмираат нашиот град, стои во реакцијата испратена од Секторот за односи со јавност при Општина Куманово.

Leave a Reply