КУД „Панче Пешев“: Кој се стави над општината и нè остави без превоз за настап?

Сподели со своите пријатели

Културно уметничкото друштво “Панче Пешев” од Куманово на 26-ти Мај, сабота настапи на Детскиот Меѓународен Фолклорен Фестивал “Оро Весело” во Радовиш. Друштвото на достоен начин го претстави нашиот град и нашата држава пред присутните гости од Република Српска, Бугарија и Србија, како и друштвата од Битола, Тетово, Кочани, Струмица, Прилеп, Оризари и градот домаќин Радовиш.

 

Loading...

 

И покрај традицијата, значењето и успешноста на ова културно уметничко друштво прашањето е кој прави опструкции или кои се мотивите поради кои друштвото имаше проблем со превоз при самото тргнување на фестивалот во Радовиш, вели претседателот на КУД „Панче Пешев“, Мирослав Крстевски.

Во продолжение ви ја пренесуваме целосната реакција од КУД „Панче Пешев“.

И покрај сите потешкотии кои ги доживеа нашето друштво пред самото поаѓање сепак со помошта на Т.А. “Јоцо Турс” иако со мало задоцнување и големи напори во дадениот момент ни излезе во пресрет обезбедувајќи ни возило настапивме на фестивалот и бевме добро прифатени од тамошната публика.  

Станува збор за „киднапирање” на општинскиот автобус кој требаше да биде ставен на располагање на нашето друштво. Имено КУД „Панче Пешев” поднесе барање за помош од страна на Општина Куманово во вид на превоз на учесниците на фестивалот кое беше одобрено. Општината и градоначалникот позитивно одговорија со што беше решен проблемот околу превозот. Меѓутоа прашањето е кој се стави над општината, над интересите на градот и граѓаните, над законот? Кој го „киднапира” автобусот што требаше нашите членови да ги однесе на фестивалот во Радовиш?

Имено пред да тргне автобусот ни беше јавено дека него го нема на паркинг просторот иако претходно веќе беше договорен терминот. Некој самоволно и без да праша го “киднапирал” автобусот за свои цели. Општината е таа која треба да стави крај на вакви однесувања од страна на поединци кои мислат дека се што е општинско и јавно добро е во нивна служба а тие самите се над сите и над интересите на останатите обични смртници.  Бараме од општината и надлежните под хитно да го расветлат овој случај на самоволие во нашата општина и еднаш да се стави крај на вакво однесување од било чија страна. Уште еднаш благодарност до Т.А. “Јоцо Турс” кои по кој знае кој пат досега ни излегоа во пресрет и ни помогнаа да нстапиме на фестивалот, велат од друштвото.

 

 

КУД “Панче Пешев” е едно од најстарите друштва во Македонија и најстарото друштво во Куманово. Во 2016 го прослави својот голем јубилеј, 90 години од своето постоење. Оваа година ќе земе учество на уште неколку меѓународни фестивали меѓу кои издвојуваме: Меѓународен Фолклорен Фестивал во Аленсон (Франција) и Меѓунроден Фолклорен Фестивал во Косовска Митровица. Во Франција ќе биде гост на Македонската Црковна Општина Св. Кирил и Методи во градот Париз. КУД Панче Пешев ќе биде дел и од Меѓународниот Фестивал “Илинденски Денови” во Битола.

Со поддршка на Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане на 29-ти и 30-ти Јуни ќе организира Меѓународна Фолклорна Смотра на која ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Македонија и од странство.

Leave a Reply