Општина Куманово ќе гради четири спортски игралишта

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе гради дополнителни четири спортски игралишта, а средствата за изградба се предвидени со ребалансот на буџетот, како и 1,5 милиони денари за субвенциониран превоз за пензионерите.

Loading...

– Останатите делови на ребалансот на буџетот се однесуваат за инфраструктурни проекти, ќе се градат дополнително четири спортски игралишта во основни училишта во Пчиња, Агино село, Романовце и кај училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ со современи тартан подлоги, современи игралишта како што изградивме на другите локации. Дополнително некаде околу 20-ина улици на територија на општина Куманово ќе има градба и во руралните и урбано рурални населби – информира градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Изминатава година, општината вложи средства за изградба на спортски игралишта во три средни училишта гимназијата „Гоце Делчев“ и во стручните средни „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“, а дополнително се изградија игралиштата кај локалитетот „Кошеви“ кај основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ и во Долно Којнаре.

 

Loading...

 

Владата, пак преку Агенцијата за млади и спорт вложи средства за изградба на игралиштето во спортскиот комплекс „Соколана“.

 

 

Од општината информираат дека се реконструираат две улици во кумановската населба „Перо Чичо“. Реконструкцијата ќе опфати дел од улицата „30-ти јули“ – од улицата „Веселин Маслеша“, и дел од улицата „Радоје Димиќ“ – од улицата „30-ти јули“ до улицата „Стефан Филиповиќ“.Надлежните од одделението за комунални дејности очекуваат градежните активности на терен кои опфаќаат санација на дотраениот и поставување на нов асфалт да заврши до крајот на овој месец.

 

Почна реконструкција на две улици во населбата „Перо Чичо“ во Куманово

Loading...

 

Димитриевски ја поднесе кандидатурата и програмата со која ќе се трка за нов градоначалнички мандат.

– Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна, поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да ја поднесам кандидатурата. Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово – вели Димитриевски. / МИА

 

Димитриевски официјално побара втор мандат за подобро Куманово

Leave a Reply