Почна реконструкција на две улици во населбата „Перо Чичо“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкција на две улици во кумановската населба „Перо Чичо“, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово.

Loading...

Реконструкцијата ќе опфати дел од улицата „30-ти јули“ – од улицата „Веселин Маслеша“, и дел од улицата „Радоје Димиќ“ – од улицата „30-ти јули“ до улицата „Стефан Филиповиќ“.

Вредноста на склучениот договор со компанијата изведувач е 1.930.926 без ДДВ. На јавниот тендер избрана е компанијата „Кооп Инжинеринг“ од Куманово. Договорот е склучен во мај, годинава.

Надлежните од одделението за комунални дејности очекуваат градежните активности на терен кои опфаќаат санација на дотраениот и поставување на нов асфалт да заврши до крајот на овој месец.

МИА

Leave a Reply