Димитриевски официјално побара втор мандат за подобро Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата и е официјален кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен.

Loading...

Поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети според кои е еден од трите најдобри градоначалници во државата и градоначалник кој највисоко котира од редовите на СДСМ, како и сите непосредни средби со граѓаните од општина Куманово, се мотив за официјално поднесување на кандидатурата за нов градоначалнички мандат на градоначалникот Димитриевски.

Градоначалникот Димитриевски заедно со својот тим и со поддршка од граѓаните во изминатите неполни четири години успеа во реализација на многу заеднички проекти за Куманово и кумановчани, со што покажа вистинска промена и докажува дека Куманово се менува на подобро. После долги години Куманово е конечно општина без долгови и финансиски стабилна. Куманово стана град со проекти и перспективи. Го подобривме животот во градот, се инвестираше во инфраструктурата, образованието, спортот, културата, заштитата на животна средина, животот на младите и подобри услови за секој наш сограѓанин.

Веруваме дека ќе продолжиме и во иднина, заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово. Град со висок стандард на урбано живеење и град кој ќе биде пример за цела држава. За Куманово како што го сакаме.

Leave a Reply