Опожарена куќа на „Франц Розман“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Надворешен дел од куќа лоцирана на улицата „Франц Розман“ во Куманово вчера изгорел во пожар.

Loading...

– На 10.01.2024 година во 16.57 часот С.М. пријавила дека настанал пожар во надворешен дел на куќа на улицата „Франц Розман“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот, како што додаваат од полицијата, бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги