Од денеска пеколни температури, во четврток и петок и над 40 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови западен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени целзиусови. Индексот на УВ зрачење ќе биде многу висок со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Во попладневните часови е можна појава за нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмотевици.

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 17 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 34 степени целзиусови.

Индексот на УВ зрачење ќе биде екстремно висок со коефициент 11.

Loading...

 

 

Од денеска и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

Времето ќе биде постабилно, температурите на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен, велат од УХМР.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply