Објавени сметките на Болсонаро: Потрошил пет милиони долари, 71.000 во пекарница

Сподели со своите пријатели

Официјалната кредитна картичка на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ја открива целата негова екстраваганција – потрошени пет милиони американски долари за време на неговиот четиригодишен мандат, што не е чудно кога ќе видите дека тој потрошил повеќе од 21.000 долари на вечера во скромен ресторан.

Loading...

Новата бразилска влада вчера на својата веб-страница објави извадок од состојбата на сметката на официјалната картичка на поранешниот шеф на државата.

Заедно со Болсонаро, неговиот тим од 21 лице исто така имал пристап до кредитната картичка.

Болсонаро: Не потрошив ниту денар со картичката

За разлика од неговите претходници, Болсонаро беше таинствен кога станува збор за трошоците, но неговиот наследник Луис Инасио Лула одлучи да го објави тоа јавно.

Болсонаро велеше дека не потрошил „ниту еден денар“ со картичката, но сметките покажуваат поинаку.

Така, Болсонаро потрошил повеќе од 235.000 американски долари на годишни одмори во 2019, 2020 и 2021 година.

При една посета на бензинската пумпа потрошил речиси 14.000 долари и 286.000 долари за неколку престои во луксузен хотел во Гуаруџа, летувалиште недалеку од Сао Паоло.

Потрошил 71.000 долари во пекара

Но, изгледа дека Болсонаро најмногу потрошил на богати ручеци и вечери.

Loading...

При посета на релативно евтин ресторан во Боа Виста, во државата Рораима, со претседателската картичка била платена сметка повисока од 21.000 долари.

Во текот на четири години, тој оставил повеќе од 71.000 долари на пекарница во Рио де Жанеиро, а едно купување изнесувало речиси 11.000 долари.

Таа сума е потрошена еден ден по свадбата на синот на Болсонаро и пред собирот на моторџиите организиран од приврзаниците на Болсонаро на улиците на Рио.