NYT: Еднодневниот бунт го покажаа Путин во најлошото можно светло

Сподели со своите пријатели

Сѐ уште се анализираат последиците од обидот за државен удар што Евгениј Пригожин го изврши во Русија, а кој рускиот претседател Владимир Путин успеа да го потисне со помош на неговиот белоруски пријател Александар Лукашенко.

Loading...

Како што пишува Михаил Зигар, руски новинар и автор на книгата „Војна и казна: Путин, Зеленски и патот до руската инвазија на Украина“ за Њујорк Тајмс, Путин повеќе ја нема контролата што ја имаше пред востанието.

Како што пишува Зигар, Путин и понатаму се однесува како порано и верува дека има контрола и дека бунтот воопшто не ја променил политичката ситуација во Русија.

Но, рускиот претседател е во заблуда.

Самиот Путин е виновен

Не само што атмосферата околу Путин е значително различна, туку има и растечки апетит за промени – дури и кај оние блиски до претседателот. За многумина со кои Зигар разговарал, системот на владеење на Путин едноставно не може да опстане уште долго.

Самиот Путин е виновен што дозволи ситуацијата да излезе од контрола. Прво, тој го охрабри г. Пригожин, премолчено дозволувајќи му да регрутира опширно – дури и од затвор – за војната во Украина и да заземе истакната позиција на бојното поле, особено во битката за Бахмут.

Пресметката меѓу Пригожин и Путин не беше строго воена. Пригожин се позиционираше како противтежа на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и на воените генерали и се погрижи тие да не станат премногу популарни.

Кога Прижин почна да го критикува военото раководство, а тоа често го правеше експлицитно и со вулгарности, рускиот претседател не направи ништо за да го спречи тоа. Но, тоа набрзо стана проблем.

Loading...

На бранот на стекната популарност, Пригожин сè повеќе го критикуваше Шојгу, а Путин не реагираше.

После тоа, Пригожин почна да се однесува како да води изборна кампања – се сретна со потенцијални поддржувачи и ја критикуваше воената кампања.

Извори блиски до Путин велат дека тој не се сретнал со Пригожин со месеци.

Путин лесно можеше да го спречи бунтот

Овој молк беше клучен. На почетокот на јуни, кога Шојгу се обиде да се справи со приватните војски, принудувајќи ги да потпишат договори со руската армија, Пригожин не можеше да стапи во контакт со Путин за да се побуни.

На јазикот на руската бирократија тоа значи највисок степен на срам.

Извор близок до претседателот му рекол на Зигар дека Путин би можел лесно да го спречи бунтот ако само разговарал со Пригожин или барем наложел некој од администрацијата да го стори тоа.

Наместо тоа, без пристап до Кремљ и стравувајќи од губење на својата автономија, Пригожин започна востание.

Но, и тоа ненадејно заврши. За Пригожин ова го означува крајот на неговата политичка и воена кариера.

Loading...

Да почекаше уште малку, можеби работите ќе беа поинакви. Наместо тоа, по договорот постигнат со посредство на Лукашенко, шефот на Вагнер беше испратен во Белорусија.

Наводно, планот е егзил во Централноафриканската Република, каде што групата на Вагнер има воена база.

Следува чистка

Ситуацијата е подеднакво сериозна и за самиот Путин, а ќе треба долго време да се измие сеќавањето на бунтот.

Треба да се очекува чистка, почнувајќи од генералот Сергеј Суровикин, поранешен командант на руските сили во Украина, кој наводно однапред знаел за бунтот.

Но, штетата е веќе направена. Бунтот го десакрализира г-дин Путин, значително ослабувајќи го неговиот авторитет.

Пред овој викенд, голем дел од руското општество, а особено државните бирократи, веруваа дека тој секогаш носи правилни одлуки, дека е многу полукав, помудар и подобро информиран од кој било друг.

Но, настаните што се случија во Русија минатиот викенд го покажаа Путин во најлошото можно светло: слаб, колеблив, неспособен за контрола.

Само тој е виновен за тоа што се случи, што на сите им е јасно освен на него, пишува Зигар за NYT и додава дека е време Русите да почнат да се подготвуваат за она што следува по Путин.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.