НОВО ОБВИНЕНИЕ: Димитриевски повторно повикан во Обвинителството

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово и кандидат за претседател од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски е соочен со ново обвинение.

Loading...

Според објавата на неговиот профил, од Основното јавно обвинителство Куманово добил покана да се јави оти е обвинет за кривично дело „Неизвршување на судска одлука“.

Засега не е познато кој му поднел кривична пријава, но според поканата ОЈО Куманово веќе отворило постапка.

Според Димитриевски, ова се очекувани притисоци и тие само се интензивираат.

– Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

 

 

Loading...

Инаку во поканата стои предупредување дека во случај да не се отповика, може да биде приведен.

За Димитриевски е во тек судска постапка за кривичната пријава „злоупотреба на службена положба и овластување“ кои му ја поднесоа компаниите „УПМ Груп“ и „Хромак“ од Куманово.

За таа постапка се одржа само едно рочиште кое беше одложено и второто е закажно за 30ти април.

Никола Ивановски