Димитриевски: Судскиот процес е монтиран од лидершипот на СДСМ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Прво рочиште се одржа денеска против кумановскиот градоначалник и кандидат за претседател од ЗНАМ, Максим Димитриевски за приватна кривична пријава против него.

Loading...

Рочиштето беше одложено, а Димитриевски го нарече монтиран судски процес од страна на лидершипот на СДСМ.

– Јас верувам во институциите на системот и сметам дека во оваа зграда позади мене и покрај тоа, не само во оваа, во многу во државата има големи осила. Сепак постојат и внатре пчели кои што го почитуваат Уставот и законот на оваа држава и оставам на иституциите да се произнесат по ова обвинение, кое што во целост е монтирано и има една единствена цел, а тоа е да ме делегитимира во јавноста и да ме прикаже во друго светло, да го наруши мојот дигнитет и авторитет, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

 

 

Како што посочи, ова не е прв пат, и се случува секогаш пред избори.

– Таков беше случајот и за време на локалните избори, јас се соочував со вакви притисоци и секогаш, ама секогаш, еве јавно овде ќе потврдам, а тоа ќе го кажам и на следното рочиште во судницата дека ќе се ставам во интерес на заштита на јавниот интерес, а не на приватниот интерес. Значи, нити сум спречил, ниту имам намера да спречам спротивно на законот некој да гради згради, висококатници, но кога се работи за интерес на училишта, школски диспанзери, медицински објекти, итекако е јавен интерес и јас сум должен истиот да го штитам, додава тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

 

 

Судењето, смета Димитриевски, е фарса во контекст на изборите и ќе доживее фијаско.

– Јас овде јавно ветувам дека ќе се заложам максимално во следниот период од позицијата за која што претендирам да го демонтираме овој узурпиран судски систем кој што постои во соработка со обвинителскиот и Министерството за внатрешни работи во целост. Затоа што во континуитет се случуваат вакви нарачки од носители на високи политички функции од власта, или во конкретниот случај луѓе од високиот лидершип на СДСМ, да ги злоупотребуваат институциите на системот и да ме  доведат и мене и луѓе како мене во ваква состојба. Но ова не ме обесхрабрува, дополнително ме мотивира во моите намери од Македонија да направиме поубаво место за живеење, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

 

 

Loading...

Рочиштето, инаку, денеска беше одложено, оти одбраната на Димитриевски побара време да биде запознаена со новите докази што ОЈО Куманово ги предложи пред судот.

Инаку, кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани поднесе обвинителен предлог по кривична пријава која против Димитриевски ја поднеле фирмите „УМП Груп“ и „Хромак“, дека наводно не им издавал градежна дозвола за изградба на висококатница со што им била нанесена штета од 55.000 евра.

Тие поднеле приватна кривична пријава против Димитриевски за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Никола Ивановски