Нова закана од Русија: „Ќе продаваме храна само на пријателски земји, такви нема во Европа“

Сподели со своите пријатели

Ќе доставиме храна и земјоделски производи само на нашите пријатели, изјави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Loading...

Русија, според сојузникот на Путин, Медведев, би можела да го ограничи снабдувањето со земјоделски производи само за „пријателските земји“.

 

Русија ги повлекува набљудувачите од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина

 

„За среќа, имаме многу од нив и тие (земјите) не се во Европа или Северна Америка“, рече Медведев, според SkyNews.

Ова предупредување доаѓа веднаш откако Владимир Путин изјави дека земјите кои купуваат гас од Русија од денеска ќе мора да го платат во рубљи.

Во телевизиска изјава, Путин рече дека го потпишал указот, додавајќи дека потегот е дизајниран да го зајакне суверенитетот на земјата и да ги заштити работните места во Русија.

Loading...

 

Русија ги повлекува набљудувачите од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина

 

Денеска е 37-ми ден од руската инвазија на Украина. Борбите се водат во повеќе области. Руската војска сака да го задржи своето присуство во источна и јужна Украина, објави во петокот украинскиот Генералштаб.

Генералите зборуваа за обидите на Русија да воспостави моќ во окупираните региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.

Британското Министерство соопшти дека Русија ги префрла своите сили од Грузија со цел да го зголеми интензитетот на инвазијата на Украина.