Русија ги повлекува набљудувачите од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија ќе ги повлече своите претставници од Специјалната мониторинг мисија во Украина, изјави постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ, Александар Лукашевич.

Loading...

– Русија ќе ја извести кадровската служба на Секретаријатот на ОБСЕ за повлекувањето на сите нејзини службеници од Специјалната мониторинг мисија поради истекување на мандатот на мисијата и престанок на нејзините задачи. Не гледаме потреба од дополнителни консултации за промена на мандатот или префрлање на мисијата на „административен режим“ – изјави Лукашевич, пренесе Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Врховниот суд на Индија: Сите жени имаат право на абортус

 

Кличко: Бројот на луѓе во градот драстично се намали, половина од жените и децата го напуштија Киев

 

Како што рече, руските експерти едноставно биле истиснати од Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, иако Русија плаќала многу пари, над два милиони евра годишно.

– Како што се ширеше Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, така се зголемуваше и бројот на руските претставници. Ги имаше околу 40… До крајот на 2021 година добивме само 28 места. Така, нашите стручњаци едноставно беа истуркани – истакна Лукашевич.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден бараше конгресменка која е веќе почината (ВИДЕО)

Затоа Русија го повика ОБСЕ да поднесе нацрт-закон за распределба на ресурсите неопходни за затворање на Специјалната мониторинг мисија во Украина и целосен прекин на нејзините административни активности во разумен рок.

Loading...

 

Гори складиште за нафта во Русија: „Украина нѐ нападна со хеликоптери“ (ВИДЕО)

 

Лукашевич рече и дека мисијата на ОБСЕ во Украина не забележала русофобија во Украина и агресивната украинска националистичка идеја.

Според него, до денес нема одговор на прашањето зошто мисијата на ОБСЕ во Украина не објавила дека нејзините оклопни возила ѝ биле предадени на неонацистичката вооружена формација „Азов“ во Мариупол на крајот на февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои делови на Украина сака Путин да ги припои кон Русија?