Викендов ќе се одржи маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

Сподели со своите пријатели

На градскиот плоштад во Куманово во сабота со почеток во 09:30 часот ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“.

Loading...

Учество ќе земат деца од градинките, основните и средни училишта во градот.

Организатор на манифестацијата е Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

– Овогодинешниот маскенбал ќе се одржи во сабота од 9:30 часот на Градскиот плоштад „Нова Југославија”, и важи традиционална манифестација која особена радост предизвикува кај најмалите. Годинава имаме пријавено околу 15 групни маски со преку 500 учесници, изјави Марио Арангеловски, директор на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  54-годишник нападнат во кумановско Биљановце

Годинава, поради високите температури, нема да има дефиле во центарлното градско подрачје, со цел манифестацијата да заврши до 11 часот, од кога се препорачува децата да не се изложуваат на сонце.

Никола Ивановски