Анализа: Топ 10 „игротеки“ за возрасни по вработени и плати

Сподели со своите пријатели

Во обложувалниците и во коцкарниците, како што веќе пишуваше Пари, минатата година имало 7.745 вработени.

Loading...

Нашата анализа покажува дека најмногу вработени, 5165, или 66,7 насто од вкупниот број на вработени во сите 58 друштва во оваа дејност, има во десет од нив.

Но, само две од десетте друштва со најголем број на вработени, влегуваат и во друштвото на ТОП 10 компании со најголеми плати во оваа дејност.

Просечните нето-плати во обложувалниците и коцкарниците со најмногу вработени, лани се движеле од 25.319 денари до 43.564 денари.

ТОП 10 обложувалници и коцкарници по број на вработени во 2023 година

 

Од податоците може да се види и дека во десетте фирми е зголемен бројот на вработените. Имено, за разлика од ланските 5.165, во 2022 година таму имало 5.019 вработени. Во сите овие друштва се зголемени приходите и добивките, освен во Клуб спорт 77, каде што има големо намалување на добивката. Во сите фирми има и зголемување на платите во однос на 2022 година. Притоа, најголемо зголемување, од 41 насто, има во Сенатор, а најмало, од по 6 насто, има во три друштва: Спорт-лаиф, МА гаминг и Мастербет.

Сенатор, со просечна плата од 43.564 денари, и Макотен, со 41.108 денари, влегуваат во ТОП 10 обложувалници и коцкарници по плати. Но, најголемиот просек, од 142.002 денари, го држи Друштво за приредување на игри на среќа Касинос Аустриа Интернатионал Македонија ДОО – Скопје, а таму има само двајца вработени! Оваа фирма е партнер во Државната видеолотарија.

Loading...

ТОП 10 обложувалници и коцкарници по плати во 2023 година

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/i-platite-vo-oblozuvalnicite-i-kockarnicite-se-igra-na-srekja/

Редакција Пари

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петрушевски: Соработката со Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија продолжува