Нов систем за следење: Камери проценуваат дали сте на соодветна дистанца (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ова е асистент за дистанца во Амазон и наскоро ќе биде достапен за секого и насекаде.

Loading...

Амазон официјално потврди и објави дека направил „помошник за дистанца“ со цел да го намали ширењето на коронавирусот на работното место.

Следната пандемија би можела да дојде од амазонската прашума?

Ова е систем заснован на вештачка интелигенција, кој користи претходно дефинирани параметри за да го следи движењето во објектот и да утврди дали работниците во погони, магацини и други објекти го почитуваат пропишаното растојание едни од други.

Системот е прилично едноставен, односно има само неколку функции, кои во исто време се доволно интересни и доволно интригирачки за да привлечат големо внимание на јавноста.

Системот работи со помош на камери и голем екран со нацртани виртуелни кругови околу вработените со цел да се задржи растојание од два метра меѓу нив. Ако кругот е зелен, тогаш дистанцата е доволна, ако се претвори во црвен, тогаш работниците се премногу блиску едни до други.

Акциите на Амазон и Фејсбук ги оборија сопствените рекорди

Кога кругот станува црвен, можно е да се активира аларм, што ќе го предупреди набљудувачот или системот дека работниците не ја почитуваат пропишаната оддалеченост и дека се ставаат во опасност самите себе и другите.

Loading...

Исто така, системите за нотификација, кои можат да бидат интегрирани со помошникот за дистанца во Амазон, можат веднаш да испратат известување до секој од вработените да одат на пропишаното растојание.

Амазон на блогот објасни дека системот е развиен од неговите инженери инспирирани од постојните примери како што е радарот за мерење брзина.

Компанијата прецизира дека системот се применувал во неколку објекти и дека неговата употреба ќе биде проширена и на други погони во компанијата.

Зошто и колку „Амазон“ им плаќа на работниците да дадат отказ?

Амазон планира да ја направи технологијата достапна за пошироката јавност „за секој да може да направи свој асистент за дистанца“. Ова би значело дека Амазон целосно ќе го открие изворниот код на асистентот и другите детали до заедницата на развивачи, но и на поединците кои сакаат и знаат како да го користат, со цел да го имплементираат со нивните постојни решенија за видео надзор и слично, затоа што без камера овој асистент е практично неупотреблив.

Гигантот со седиште во Сиетл, кој има повеќе од 800.000 вработени ширум светот, исто така се соочува со протести за безбедноста на своите работници за време на пандемијата.

Компанијата исто така вети дека ќе инвестира милијарди долари во борбата против коронавирусот.

Амазон повторно највредна компанија, Ферари најсилен бренд во светот

Loading...

Се разбира, не треба да објаснуваме зошто новиот асистент за далечина во Амазон веднаш предизвика многу полемики и колку е можно да се злоупотреби фактот што ги следи нон-стоп движењата на луѓето, како и потенцијалните сценарија за злоупотреба на целиот систем.

Leave a Reply