Акциите на Амазон и Фејсбук ги оборија сопствените рекорди

Сподели со своите пријатели

Акциите на американските технолошки компании Амазон и Фејсбук соборија сопствени рекорди во текот на последниот ден на тргување.

Loading...

Акциите на Фејсбук се зголемија за повеќе од 6 проценти, на рекорд од околу 230 американски долари по акција. Компанијата објави пред еден ден дека ќе ги претстави Фејсбук и Инстаграм продавниците оваа недела.

Бесплатна апликација на луѓето им ги испразни сметките (ВИДЕО)

Оваа одлика е дизајнирана да им овозможи на луѓето да купуваат на страниците на Фејсбук и Инстаграм продавниците, бидејќи многу физички продавници за мали бизниси сè уште се затворени поради пандемијата на коронавирус.

Ова ја обележа најголемата промена во електронската трговија досега за компанијата.

Акциите на Амазон, исто така, достигнаа рекорден раст, скокнувајќи дури 1,5 проценти, на скоро 2.490 американски долари по акција.

Апликации кои крадат лични податоци преземени дури 4,2 милијарда пати

Акциите на технолошкиот гигант пораснаа и покрај кризата предизвикана од коронавирусот бидејќи луѓето се свртеа кон купување онлајн за да обезбедат дури и основни намирници.

Loading...

Leave a Reply