Нов албум и турнеја на кумановскиот бенд KHARA (видео)

Сподели со своите пријатели

Инструменталните пост-рокери KHARA од Куманово имаат нов, втор по ред долгосвиречки албум. На ова издание се наоѓа материјалот снимен за потребите на документарниот филм EXILE 2.0 на францускиот режисер Феликс Брасиер.

Албумот официјално излезе на 24ти Септември и за сега е достапен само дигитално (за преслушување на youtube, а за преслушување и симнување на bandcamp), а на крајот на октомври ќе биде достапен и физички, на аудио касета.

За да го промовираат ова издание, KHARA, оваа сабота (30ти септември) тргнуваат на 15 дневна турнеја која опфаќа концерти во Македонија (Скопје), Србија (Ниш, Суботица, Нови Сад и Крагујевац), Хрватска (Пула и Задар), Босна и Херцеговина (Сарајево и Бања Лука), Словенија (Постојна, Љубљана и Марибор) и Унгарија (Будимпешта и Сегед). 

Loading...