Нисан удри во 78-годишна кумановка

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и осумгодишна кумановка е тешко повредена откако во неа удрил сограѓанин со автомобил.

Loading...

– На 11.07.2021 во 16.20 часот било пријавено дека во с.Тромеѓа, кумановско, патничко  возило „нисан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(53) од Куманово, удрило во пешак В.Д.(78) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата В.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа Болница – Куманово.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply