NFT манија: Американски уметник за половина час заработил 738.000 долари од продажба на слики од бикови

Сподели со своите пријатели

NFT се иднината. Така мислат многу претприемачи и светски личности, а на сето тоа веќе сме сведоци со оглед на тоа дека на нив се заработуваат милиони. Кам Ракам (42) не заработи милиони, но 738.000 долари за 32 минути секако не е почеток за жалење.

Loading...

 

 

Бидејќи не можеше да одржува изложби поради пандемијата COVID, овој уметник контактираше со една мем страница за да соработува на колекцијата NFT. Правејќи илјадници цртани ликови со бик на тема Волстрит, тој ги продаде сите 10.000 од овие NFT животни за речиси половина час.

 

 

Loading...

– Полудев, викав и им викав на луѓето по телефон за тоа што се случи. Запалив цигара во куќата и отворив шише шампањ. Соседите веројатно мислеа дека сум некаков лудак, а всушност јас сум само еден од уметниците кои се префрлија на нов медиум – изјави Ракам за CNBC.

Се разбира, целата колекција беше многу повредна, поточно 660 Etherum или нешто повеќе од два и пол милиони долари, додека Ракам доби 738 илјади долари. Лудницата NFT станува се поинтензивна, а покрај тоа што само во 2021 година ќе им донесе над 17,6 милијарди долари на уметниците, Лука Модриќ ја продава и својата колекција NFT.

 

 

Логичниот редослед е дополнително да се отвори NFT пазарот, пред се на социјалните мрежи, каде Twitter и Meta веќе презедоа некои чекори.